Од утре па се до недела во Кисела Вода ќе се игра кошарка. Под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе се одржи „Балкан куп 2018“
Љубителите на кошарката, ќе имаат можност да проследат повеќе натпревари на кои младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија ќе ги одмерат силите на теренот. На овој трунир ќе учествуваат деца до 14-годишна возраст.
Натпреварите ќе се одвиваат според следната програма:
23.03.2018
14:00 Вардар – Актавис
16:00 Балкан – Буба баскет
18:00 Пловдив – Актавис
20:00 ФМП Академија – Балкан
24.03.2018
09:00 ФМП Академија – Буба баскет
11:00 Вардар – Пловдив
15:00 А3 – В3
17:00 А1 – Б2
19:00 А2 – Б1
25.03.2018
09:00 Ќе се игра за трето место
11:00 Финале
Имено, идејата за започнување на овој куп кој се одржува по втор пат, доаѓа од екипата „Балкан“ од Ботевград, Бугарија. Воедно, обврска на секој клуб кој е дел од овој трунир е во текот на годината да организира по еден турнир во својот град, додека на крајот од годината се одржува и еден завршен турнир за најдбрите учесници.