Почнуваат натпреварите од полуфиналето од кошаркарскиот плејоф

Од:

Со двата натпревара што се играат вечерва ќе почнат полуфиналните дуели од кошаркарскиот плејоф во борба за шампионската титула на Македонија. Првакот МЗТ Скопје Аеродорм е домаќин на тимот на Фени Индустри од Кавадарци и ја има фаворитската улога во овој дуел.

Во регуларниот дел од сезоната МЗТ Скопје победи на сите четири дуели. Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Во истиот термин во СЦ „Борис Трајковски“ второпласираниот Карпош Соколи е домаќин на вицепрвакот Куманово. Натпреварите од регуларниот дел од сезоната на овие два тима донесоа многу неизвесност, а Куманово имаше подобар скор од 3-1 во победи.

И двете серии почнуваат без предност 0-0 и се игра во три добиени натпревар.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос