Во Шладминг, Австрија денеска стартуваат натпреварите на 42. Светско првенство во скијање – алпски дисциплини, на кое ќе настапат натпреварувачи од 72 држави, а меѓу нив и Македонија.
Нашата држава ќе ја претставуваат Антонио Ристевски и Дардан Дехари. Тие за Шладминг ќе патуваат следната недела и ќе настапат во велеслалом и слалом, кои се на програмата на 15., односно на 17 февруари.
Вчера се одржа свеченото отворање, додека за денеска е закажана и првата трка. Натпреварувачките ќе се борат за медалите во супервелеслалом, а утре на програмата е машкиот супервелеслалом.