Почнува пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон 2018

Од:

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги започнаа подготовките на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Датумот на одржувањето на маратонот е 6 мај 2018 година, а од денес со почеток во 10 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците.

Секој кој ќе се пријави во првите четири дена, до недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2018 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи, потоа цените ќе се зголемуваат при секоја нова етапа.

Од организацијата веќе започнаа со промоцијата на Виз Ер Скопскиот маратон со тоа што со веќе првата промоција ќе биде овој викенд на полумаратонот во Копенхаген.

– Имајќи ги во предвид бенефициите од секоја промоција од ваков тип Виз Ер Скопскиот маратон во следниот период ќе биде претставен и на маратоните во Љубљана и Истанбул, соопштија организаторите.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, покрај Женска трка и Виз Ер Скопски маратон, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8 октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина