Почнува меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид 2014“

Од:

Со два натпревара во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, вечерва почнува пријателскиот кошаркарски турнир, на кој Македонија за противници ќе ги има Австрија, Романија и Грузија.

Првата средба избраниците на Александар Џикиќ ја играат од 20 часот и 30 минути против селекцијата на Австрија.

– Кога дојдовме тука почнавме интензивно да играме пет на пет, така што тренинзите се навистина исцрпувачки, но тоа и мора да биде така. Овој дел каде што се подготвуваме за натпреварите е многу важен. Работиме доста и на физичката подготовка, за во текот на тие 20 дена од квалификациите да можеме да одржиме константност во настапите. На овие натпревари ќе можеме подобро да видиме до каде сме и на што треба повеќе да работиме во наредниот период, изјави за веб страната на МКФ македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Распоред на натпреварите на Меѓународен турнир – Охрид 2014.

16 јули 2014 – среда:
18:00 часот Романија – Грузија,
20:30 Австрија – Македонија.

17 јули 2014 – четврток:
18:00 Грузија – Австрија,
20:30 Македонија – Романија.

18 јули 2014 – петок:
18:00 Романија – Австрија,
20:30 Македонија – Грузија. 

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос