Денеска во 18 часот со натпреварот Полска – Грција, започнува 14. Европско првенство во фудбал.
Бранителот на титулата е Шпанија, екипата која славеше и на Светското првенство 2010-та година и сега посакува да стане прв тим во историјата кој славел на три последователни големи првенства.
Според обложувалниците, точно шпанската „фурија“ е првиот фаворит за освојување на златен медал.
Најмладата екипа на шампионатот е Германија, каде најстариот член е 33-годишниот Мирослав Клосе.
Најстариот тим на ЕП е Република Ирска, предводена од 36-годишниот голман Шеј Гивен. Но, тој не е најстариот играч на првенството, туку две години постариот Грк, Костас Халкијас. Најмладиот фудбалер е 18-годишниот лев бек на Холандија, Џетро Вилјемс.
Иако помеѓу големиот број љубители на фудбалот, владеат предрасудите дека на натпреварите се постигнуваат малку голови, статистиката ги демантира – од 1960-та година, кога е одржано првото големо првенство на Стариот континент, на натпреварите во просек се постигнуваат по 2.7 голови (вкупно 485).
До сега повеќе од 10 милиони луѓе во живо ги следело натпреварите на европските шампионати, а и сега ќе имаат прилика да ги исполнат големите стадиони во Полска и Украина.
ЕП почнува на Националниот стадион во Варшава со капацитет од 58.145 места, а финалето ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев кој има 70.050 места.
http://www.youtube.com/watch?v=mdeJiEn75Ug
Шампионатот започнува со натпреварот меѓу Полска и Грција во 18 часот, додека во 20.45 играат репрезентациите на Русија и Чешка, исто така во групата А.