Отворено е пријавувањето за учество на 11. Виз Ер Скопски маратон 2015, што ќе се одржи на 10 мај во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.
Заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страница www.skopskimaraton.com.mk,
Покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри, Организаторите најавуваат и штафетен маратон. За него ќе можат да се пријавуваат тимови од четворица натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 километри до предавање на штафетата, пa поминувањето на целта, секој тим би ја комплетирал должината на маратонската патека. Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот.
Секој што ќе го пријави своето учество на една од трките, ќе добие вредносен ваучер од 20 евра за летовите на Виз Ер кои оперираат од Скопје, вклучувајќи ги и новите летови кои Виз Ер ги најави, а ќе почнат да оперираат од јуни оваа година. Дополнително, секој учесник во една од трките ќе биде осигуран од Евроинс од несреќен случај за времетраењето на трката.
Новитет е и оддржувањето на Маратон ЕКСПО, што ќе се случува од 7 до 9 на Скопскиот саем, акде што ќе може да се подигнат стартните броеви.
Традиционално ќе се одржи и Колгејт мини маратонската трка. Како најава на маратонот, трета година по ред ќе биде одржана и Женската трка, а овогодишен новитет е оддржување на Медиумската трка, наменета за претставниците на медиумите.