Компанијата „Ауди“ објави уште еден фото „тизер“ од својата нова лимузина „А 8“ пред нејзината премиера, закажана за 11 јули.
Новиот „А8“, што меѓудругото ќе има интелигентен систем за активна суспензија и технологија на авто-пилот со брзина до 60 километри на час, свечено ќе биде претставен во Барселона следниот вторник.
Елементите на дизајнот на надворешноста се позајмени од концептот Proloque на „Ауди“, а автомобилот ќе биде опремен и со благ електро-хибриден погонски систем, што работи на 48 волти. Според германскиот производител, благодарени на таквиот погон просечната потрошувачка на гориво ќе биде намалена и до 0,7 литри на 100 километри.
На купувачите на располагање ќе имаат голем број најсовремени системи за асистенција, меѓу кои е и технологијата за автоматско далeчинско паркирање на возилото – Remote Parking Pilot.