По 40 години по дебито на првата Mercedes S-класа, започна производството на новата, шеста генерација на предводникот.
Најважните новини се поврзани со интегрираните асист – системи и секундарните состави за подобрување на целокупното задоволство и безбедност.
Возилото има посебен радарски систем, кој е во состојба да го следи патот пред возилото и автоматски да ја конфигурира воздушна суспензија за оптимално држење на патот и удобност.
Друго што ја издвојува оваа луксузна лимузина од било кој друг сериски автомобил во светот е фактот дека при појава на пазарот тоа ќе биде првиот автомобил во кој нема ниту една од познатите класични светилки за осветлување туку се е преку диоди.
Во првата година од производството новата генерација Mercedes S-класа ќе може да биде нарачана во варијанти со два хибридни погонски системи, еден со комбинација со бензинец и електромотор и еден со дизел и електромотор.
Првите испораки на новиот Mercedes S-класа ќе бидат реализирани на 20 јули.