Почина млад српски кошаркар (15)

Од:

Младиот кошаркар Стефан Стаменковиќ почина во неделата на 15-годишна возраст.

Стаменковиќ беше играч на КК Радивој Корач, кој оваа информација ја објави преку социјалните мрежи.

„Со голема тага и болка ве известуваме дека утрово, на неговиот роденден, не напушти нашиот играч, другарот, пријателот, брат Стефке. Сите моменти со тебе во изминатите години ќе ги носиме засекогаш во нашите срца. Нашето последно збогување“, соопштија од клубот.

Иако причината за смртта се уште е официјално позната, Телеграф пренесува дека момчето починало по неколку дена во кома, откако во него удрил автомобил на патот во Зрењанин.

Момчето по несреќата било пренесено во болницата во Тиршова, но не успеало да ја добие најважната битка.

Би можело да ве интересира

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“