Победникот на Бостонскиот маратон ја подари Медалата на честа на настраданите во нападот

Од:

Победникот на Бостонскиот маратон, Лелис Десис изјави дека не сака да ја прими Медалата на честа и оти им ја подарува на повредените и на семејствата на загинатите во нападот.

На свеченоста по повод 50-годишнината од Африкаската унија во Адис Абеба американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со победниците на маратонот во Бостон. Етиопскиот атлетичар Десис изјави дека не сака да го прими признанието на американската Влада.

Десис истакна дека спортот треба да биде забава, а никогаш место за војување.

Кери им ги врачи медалите на другите двајца победници на Бостонскиот маратон.

За време на маратонот во Бостон, на кој учествуваа 23.000 натпреварувачи, 10 секунди пред финишот експлодираа две бомби при што загинаа три лица, а 260 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта