Екипите на Струмица и на Кожув остварија победи на првите два дуела од 5.коло од Првата кошаркарска лига.
Струмица по продолжение го победи фаворитот Куманово со 101:93 (82:82). Најефикасен на дуелот беше Урош Луковиќ од Куманово со 27 поени, додека кај победникот Ефтим Богоев со 26 и Златко Гоцевски со 21 поен беа најпрецизни.
Во дуелот на двете гевгелиски екипи Кожув го победи дебитантот во Првата лига Бест со 85:82. По три четвртини резултатот беше изедначен 61:61, а последната четвртина со 24:21 им припадна на кошаркарите на Кожув.
Попладнево (почеток 17 часот) се игра натпреварот Карпош Соколи – Фени Индустри, додека дербито на колото се игра во четврток меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Табела: Карпош Соколи 4-0 (победи-порази), МЗТ Скопје 3-1, Работнички 3-1, Фени Индустри 2-2, Куманово 2-3, Кожув 2-3, Струмица 2-3, Бест 0-5.