Победи за МЗТ Скопје и за Работнички

Од:

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички со победи ги почнаа полуфиналните дуели од плеј офот. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, синоќа шампионот ја победи Лирија со 100:81 (27:21; 20:21;28:22 и 25:17). Најефикасен кај победниот беше Тодор Гечевски со 21 поен, додека Ѓорѓи Чековски постигна 19, а Дамјан Стојановски 17. Кај Лирија Андреј Нешовиќ со 27 поени беше најефикасен воедно и на натпреварот.

На дулеот одигран во салата „Градски парк“ во Скопје, Работнички го победи Кожув со 88:81 (24:19; 21:25; 27:23 и 16:14). Бариша Красиќ за Работнички постигна 29 поени, а Горан Икониќ 25.

МЗТ Скопје и Работнички имаат водство од 1-0 во победи, а реванш натпреварите се играат во вторник. Домаќини на тие дуели ќе бидат екипите на Лирија и на Кожув.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос