Победи за Јотовски и за Грабул

Од:

Македонските тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул забележаа победа на денешните настапи на фјучрс турнирите.

Јотовски избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Ваљево откако денеска во мечот од 2.коло го совлада Левенте Годри со 6:4 и 6:3.

Во четвртфиналето Јотовски утре ќе игра против Давиде Мелкире од Италија (1177, место АТП).

Грабул без поголеми проблеми ја мина првата пречка на фјучрс турнирот во Хеист, Белгија. Во првото коло постигна победа над домашниот тенисер Јолан Кело со 6:2 и 6:2 во сетови.

Македонскиот играч е рангиран како носител број 4 во следното коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Французинот Антоан Уан и Белгиецот Олаф Де Верт.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров