Победи за Јотовски и Ѓорческа на стартот од фјучрс турнирите

Од:

Македонските тенисери Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа успешно ги почнаа настапите на фјучрс турнирите во Србија.

Јотовски (5.носител) по голема борба го совлада Унгарецот Петер Наѓ со 2:1 во сетови (7:6 (7:4); 2:6 и 6:3) на фјучрсот во Ваљево. И двајцата тенисери имаа по осум брејка во мечот, а во решавачкиот сет Јотовски при резултат од 3:2 во гемови за противникот, направи серија од 4-0 и успеа да го добие мечот.

Во следната рунда повторно противник ќе му биде унгарски тенисер Левенте Годри.

Ѓорческа (3. носителка) во два сета со 6:3 и 6:2 ја победи Романката Камелија – Елена Христеа. На овој меч неизвесноста беше само во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови. Македонската имаше ефект 6 од 7 брејк топки во мечот.

Попладнево за нашата тенисерка е и мечот во двојки на фјучрсот во Палиќ. Таа настапува заедно со Елисавета Јанчук од Украина.

Настап попладнево ќе има и Димитар Грабул (4.носител) кој на фјучрсот во Хеист, Белгија ќе игра против квалификантот домашниот тенисер Јолан Кело.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров