Победи за Ѓорческа во Шарм Ел Шеик

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победи во двете конкуренции ги стартуваше мечевите на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик (награден фонд 10.000 долари).

Таа денеска во мечот од првото коло ја победи Мартина Прадова од Чешка со 6:4 и 6:2 во сетови и во следното коло ќе игра против Аминат Кушкова од Русија.

Во двојки со Шпанката Арабела Фернандез вчера ги победија Русинките Бизукова – Погребњак и се пласираа во четвртфиналето.

Победа на стартот од фјучрс турнирот во Ровињ постигна и македонскиот тенисер Томислав Јотовски, кој со 2:1 во сетови го победи Хрватот Нино Сердарушиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров