Победи на македонските тенисери на фјучрс турнирите

Од:

Македонските тенисери изборија пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирите.
Димитар Грабул успеа во мечот од 2. коло на фјучрсот во Суботица да го совлада првиот носител Роман Јебави од Чешка со 2:0 во сетови. Двата сета Грабул ги доби со 6:3 во гемови.

Во дуелот на македонските тенисери на истиот турнир Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето откако Шендрит Деари го предаде мечот при резултат 6:2 во првиот сет и 4:1 во вториот сет за Јотовски.

Во четвртфиналето ќе играат Грабул против Јотовски што значи дека Македонија ќе има еден полуфиналист.

На фјучрсот во Софија за тенисерки Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето откако ја победи Тереза Мрдежа од Хрватаска (6.носителка) со 2:0 во сетови (7:6 (7:5) и 7:5).

Таа утре во четвртфиналето ќе игра против Кристина Андреа Миту од Романија која со 7:5 и 6:1 ја победи Река-Лука Јани од Унгарија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров