Победи на Куманово и Гоце Делчев

Од:

Екипите на Куманово и Гоце Делчев остварија победи во натпреварите од 10. коло на Првата македонска кошаркарска лига.

Двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен во дуелите со Водњански лисици и Струмица.

Во Штип дуелот на два тима дебитанти во прволигашката конкуренција го доби составот на Гоце Делчев кој со 75:62 ја совлада екипата на Водњански лисици. Капитенот Никола Караколев со 24 поени, 7 скокови и 4 асистенции беше предводник на штипјани.

Во Куманово истоимената домашна екипа иако настапи без своите двајца најдобри кошаркари сепак беше пресилна за составот на Струмица кој го совладаа со 88:55. Повратникот во редовите на Куманово, Урош Луковиќ беше најдобриот поединец на натпреварот со „дабл-дабл„ учинок од 27 поени и 19 скокови.

Од ова коло остануваат да се одиграат уште два натпревари.

Средбата, Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во среда (17 декември), поради вечерашниот настапот на нашиот првак во регионалната АБА лига, кој гостува во Загреб.

Колото ќе биде комплетирано дури во петок (19 декември) за кога е закажан дуелот меѓу Карпош Соколи – Кожув.

Слободен во ова коло е тимот на Работнички кој по деветте одиграни кола е на првото место на табелата.

Табела: Куманово 15 бодови (9 одиграни натпревари), МЗТ Скопје А. 14 (8), Работнички 14 бодови (8), Фени Индустри 13 (8), Карпош Соколи 13 (8), Кожув 12 (8), Струмица 12 (9), Гоце Делчев 11 (9) и Водњански Лисици 9 (9).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос