Победи на Карпош Соколи и на Работнички

Од:

Екипите на Карпош Соколи и на Работнички забележаа победи против Кожув, односно Струмица во натпревари од 11.коло на Првата македонска кошаркарска лига.

На дуелот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, составот на Карпош Соколи убедливо со 92:73 го победи Кожув.
Антон Казаровски со учинок од 20 поени и 7 скокови ги предводеше „соколите“ до деветтата победа, во која Филип Шепа учествуваше со 19 поени и 6 асистенции, Дарко Кнежевиќ реализира 16 поени имаше и 8 скокови, а Марко Болтиќ беше стрелец на 15.
Да го избегне шестиот пораз Кожув оваа сезона не му помогнаа ниту 27 поени на Американецот Брендон Пен.

Во Струмица, истоимената домашна екипа загуби од Работнички 79:56. Кај гостите од Скопје најефикасен беше Димитар Мираковски со 20 поени, Јован Марковски постигна 17, а ветеранот Ѓорѓи Чековски имаше „дабл-дабл„ улиник од 15 поени и 11 скокови.
Најефикасен во домашниот состав беше Диме Тасовски со 16 поени.

На првиот меч од ова коло, одигран во саботата, Куманово во Гевгелија го совлада Бест 93:83.

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри е одложен поради настапот на шампионот во АБА лигата.

Табела: Карпош Соколи 20 бодови, МЗТ Скопје 19, Куманово 17, Фени Индустри 16, Работнички 16, Кожув 16, Струмица 14 и Бест 11.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос