Победи на Карпош Соколи и Фени Индустри

Од:

Екипите на Карпош Соколи и Фени Индустри забележаа победи против Струмица и Кожув во натпреварите од 9. коло на Првата македонска кошаркарска лига.

На дуелот во Скопје, екипата на Карпош Соколи ја оправда фаворитската улога и забележа победа над Струмица со 87:68. Со оваа победа Карпош Соколи се врати на првото место на табелата пред МЗТ Скопје кој има два бода помалку, но и натпревар помалку.

Во Кавадарци, домашниот Фени Индустри победата над Кожув (86:67) ја најави уште во првата четвртина кога имаа водство од 23:9, а периодот го завршија со 12 поени предност (25:13).

Во првиот меч од ова коло, Работнички славеше над Бест со 80:56, а колото ќе биде заокружено в среда (9 декември) со мечот МЗТ Скопје Аеродром – Куманово.

Табела: Карпош Соколи 17 бодови (9 натпревари), МЗТ Скопје 15 (8), Кожув 15 (10), Фени Индустри 14 (9), Работнички 13 (9), Куманово 12 (8), Струмица 10 (8) и Бест 9 (9).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос