На четирите натпревари од второто коло од ТОП 16 фазата во Евролигата одиграни синоќа победија домашните екипи. Европскиот првак Макаби ја совлада Црвена Звезда со 78:67. Реал Мадрид беше подобар од Галатасарај со 93:78, додека најубедливата победа ја постигна Олимпијакос над Емпорио Армани со 81:58.
ЦСКА Москва и натаму е единствената непоразена екипа откако ја совлада екипата Лаборал со 99:90.
Вечерва се играат и другите четири натпревари од оваа рунда, а двојките се: Барселона – Панатинаикос, Жалгирис – АЛБА Берлин, Анадолу Ефес – Уникаха и Нижни Новгород – Фенербахче.