Двете битолски екипи Пелистер и Еурофарм Работник постигнаа домашни победи на дуелите од 4.коло од ракометната Супер лига. Пелистер го совлада Борец со 33:29, додека Еурофарм Работник беше подобар од Металург 2 со 32:22.
Гостинска победа остварија и ракометарите на Пролет, кои го совладаа Вардар Јуниор со 33:20.
Во Охрид синоќа во последниот дуел од колото истоимената домашна екипа славеше над Радовиш со 31:27.
Во ова коло слободна беше екипата на Прилеп.
Табела: Пелистер 9 бодови, Еурофарм Работник 7, Радовиш 6, Охрид 4, Пролет 4, Борец 4, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3, Металург II 3.