Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

– Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар”, а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански” и хотел „Русија”.

Денеска се играат натпреварите од второто коло: Металург – Красонадар (18 часот) и Вардар – Чеховски Медведи (20 часот).

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa