Комбинираниот кошаркарски тим на Македонија со победа над Литванија од 95:88 ја заврши турнејата во Кина и на вториот турнир го освои второто место. Во последното коло од турнирот избраниците на селекторот Драган Раца во изедначен натпревар стигнаа до триумф над Литванија.
Ова воедно беше и реванш за поразот од овој тим на претходниот турнир. Првото место на турнирот во Жушоу го освои домаќинот селекцијата на Кина.
На турнејата во Кина комбинираниот тим кошаркари на Македонија постигна пет победи и имаше три порази.