Победа за Јотовски, пораз за Дургути на фјучрсот во Тунис

Од:

Македонските тенисери на фјучрсот во Тунис имаа различен старт во поединечна конкуренција. Томислав Јотовски, кој е рангиран како втор носител во првото коло го совлада Рапеш Флорин Марсеан од Романија со 6:0 и 6:3 во сетови. Во следната рунда ривал на Јотовски ќе биде домашниот тенисер Мајед Килани.

За разлика од Јотовски, Бесир Дургути загуби на стартот од Блејд Фонг од Австралија со 6:1 и 6:2 во сетови.

Во конкуренција на двојки македонските тенисери Јотовски и Дургути попладнево ќе играат против третите носители Французите Флориан Диеп и Так Кун Ванг.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров