Победа за Ѓорческа, пораз за Стоилковска

Од:

Со променлив успех две македонски тенисерки ги почнаа мечевите на фјучрс турнирите.

Лина Ѓорческа како втора носителка на турнирот во Арад, Романија забележа победа во стартното коло над Романката Кристина – Мадалина Станку со 2-1, по сетови 6:0; 6:7 и 6:3.

Во следното коло противничка на Ѓорческа ќе биде уште една романска тенисерка Ана Бианка Михаила.

За разлика од најдобрата македонска тенисерка, Магдалена Стоилоковска е поразена во 1.коло на турнирот во Заечар, Србија. Таа загуби со 6:1 во двата сета од осмата носителка Дуња Стаменковиќ од Србија.

И двете македонски тенисерки попладнево ги очекуваат и првите мечеви во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров