Победа за Ѓорческа, пораз на Јанкуловски

Од:

На стартот на фјучрс турнирите оваа недела Лина Ѓорческа почна со победа, додека Бојан Јанкуловски по успешно минатите квалификации загуби во првото коло.

Ѓорческа на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари) ја совлада првата противничка Ксенија Оберсон од Швајцарија со 6:0 и 6:1 во гемови.

Најдобрата македонска тенисерка во второто коло ќе игра против Доротеа Ериќ од Србија која со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0) ја победи осмата носителка Дениз Казаниук од Израел.
Ѓорческа во двојки ќе настапи со Мелис Сезер од Турција.

Младиот македонски тенисер Бојан Јанкуловски, го загуби мечот од 1.коло на фјучрсот во Ниш (награден фонд 10.000 долари) од Виктор Филипенко од Унгарија со 2:1 во сетови, иако имаше водство од 1:0. Првиот сет Јанкуловски го доби со 6:3 во гемови, а следните два ги загуби со 7:5 и 6:1.

На овој фјучрс настапува и Томислав Јотовски, кој како носител број 5 ќе игра против Србинот Игор Баничевиќ.

Јотовски попладнево ќе настапи во игра на двојки со Унгарецот Филипенко.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров