Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред многу важен натпревар во квалификациите за Европското првенство 2017 година.
Вечерва во Кавадарци „црвено-жолтите“ ќе го играат натпреварот против Велика Британија во рамките од претпоследното 5.коло на Г групата.
По само двете победи над Луксембург за македонските кошаркари друга опција освен триумф над Британците нема. Задачата е дополнително потешка, бидејќи победата треба да биде изразена со најмалку 18 поени разлика, откако на првиот меч во Лондон Македонците загубија со 17 разлика.
Натпреварот Македонија – Велика Британија кој ќе се игра во салата „Јасмин“ ќе започне од 19 часот.
Во вториот меч од оваа група аутсајдерот Луксембург е домаќин на лидерот на табелата Унгарија селекција која досега има максимални четири победи. Велика Британија и Македонија досега остварија по две победи, но и два порази, а Луксембург е последен со четири порази.