Победа на Струмица на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Македонскиот ракометен вицешампион Струмица стигна до дебитанската победа на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015 откако синоќа ја совлада романската екипа Динамо Букурешт со 25:24, на ракометното игралиште „Женска плажа“.

Слично како и на натпреварот против Бешикташ, Струмичани лошо го почнаа мечот и во 11-тата минута имаа негатива од 4 гола (4:8), за на полувреме да заминат со подносливи 15:16.

Во вториот дел екипата на Струмица тргна посигурно и набрзо израмни на 17:17, за во финишот од мечот да ја направат клучната предност од 24:22 и да извојуваат минимална победа.

Со седум погодоци најефикасен во редовите на Струмица беше Реваз Чантурија, а пет даде Дејан Пецаковски. Херој на победата беше голманот Благојче Трајковски, кој на крајот имаше неколку клучни одбрани. На спротивната страна најефикасен беше Асолтани Алехандру со девет погодоци, од кои шест седмерци.

На програмата на 43. Струшки ракометен турнир вечер се дуелите меѓу Бенфика и Залаек (19:00) и Динамо Букурешт и Бешикташ (20:45), додека утре е финалето и натпреварите за пласман.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa