Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во полуфиналето на фјучрсот во Бол откако денеска ја победи Менди Вахемакер од Холандија со 6:4 и 6:2 во сетови. Нашата тенисерка ги искористи шансите во овој меч и имаше три брејка повеќе од противничката (5 наспроти 2).
За Ѓорческа денешната програма не е завршена бидејќи доколку дозволат временските услови (ако нема дожд) ќе мора да го игра и полуфиналето против победничката од мечот меѓу Полонија Ребершак (Словенија) и Наталија Вајдова (Словачка).
Според програмата на турнирот предвидено е да се играат и полуфиналните мечеви во двојки каде Ѓорческа истотака има настап.