Победа на Фени Индустри против Водњански лисици

Од:

Кошаркарите на Фени Индустри ја постигнаа петтата победа во Првата лигата откако попладнево го совладаа тимот на Водњански лисици со 72:61 (13:14; 20:17; 11:21; 17:20). Решавачко за триумфот на кавадарчани беше второто полувреме, кое гостите го добија со 41: 28. За тимот на Водњански лисици ова беше осми пораз во исто толку одиграни натпревари.

Горан Гајовиќ и Бошко Јововиќ кај Фени Индустри постигнаа по 15 поени, а исто толку кај Водњански лисици реализираше Ијлан Буш.

На вчера одиграните натпревар од 8.коло: Струмица – Кожув 66:60 и Работнички – Куманово 69:60. МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи ќе играат на 10 декември, а екипата на Гоце Делчев беше слободна во ова коло.

Табела: Куманово 12 бода, Фени Индустри 12, Работнички 10, МЗТ Скопје А. 10, Карпош Соколи 10, Струмица 10, Кожув 9, Гоце Делчев 8, Водњански лисици 8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос