По три милиони долари за победниците на УС опен

Од:

Најдобрите во машка и женска конкуренција на годинашното издание  на УС опен ќе освојат по три милиони долари, објави Тениската асоцијација на САД.

За разлика од лани, годинава победниците ќе добијат по 400 илјади долари повеќе и тоа претставува рекордна награда на овој престижен Грен слем.

Финалистите кои ќе бидат поразени ќе заработат по 1,45 милиони долари, за разлика од минатата година кога добија по 1,3 милиони.

Во однос на 2013 година, вкупниот наградниот фонд ќе биде зголемен за 11,7 проценти и ќе изнесува 38,3 милиони долари.

УС опен е последниот Грен слем турнир во сезоната, почнува на 25 август во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров