По скандалот со Копа Америка: Меси се враќа во Аргентина

Од:

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, во ноември ќе се врати во игра на пријателскиот натпревар против Бразил и Уругвај.

Тој ќе заигра за „гаучосите“ за прв пат од натпреварот за третото место на Копа Америка против Чиле, каде беше избркан и неговата земја доживеа пораз. По натпреварот, фудбалерот на Барселона го обвини КОНМЕБОЛ за корупција и му беше изречена казна да не игра меѓународни мечеви за период од три месеци.

Без Меси, Аргентина одигра четири натпревари, на кои запиша две реми – против Германија и Чиле, и две победи – против Мексико и Еквадор. Натпреварот против Бразил ќе биде во Саудиска Арабија на 15 ноември, додека оној против Уругвај во Израел три дена подоцна.

Лео се мачи со повреди уште од почетокот на сезоната, но се врати за Барселона со два гола и две асистенции во текот на неделата при победата од 5:1 над Ваљадолид во Ла Лига.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски