По отказот во Милан, Бобан најверојатно ќе се врати во ФИФА

Од:

Милан ја потврди разделбата со Звонимир Бобан кој ја извршуваше функцијата шеф на фудбалски операции во клубот. Објавата на раководството на „росонерите“ е очекувана, ако се има предвид се што се случуваше на „Сан Сиро“ во изминатите денови и јавно изразените насогласувања на Хрватот со директорот Иван Газидис.

– Милан потврдува дека го извести Бобан за прекин на неговиот договор на местото шеф на фудбалски операции кој стапува на сила веднаш. Истовремено, Стефано Пиоли ја има целосната поддршка и со оптимизам гледаме во продолжение на сезоната, се наведува во соопштението на Милан.

Бобан, според пишувањата на италијанските медиуми, изгледа нема да чека долго на нов ангажман и најверојатно во најскоро време ќе се врати на старата функција во ФИФА. Се шпекулира дека екипата на лето ќе ја преземе Ралф Рангник кој во Милан ќе обедини две функции – тренер и генерален менаџер.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи