По 20 години реконструиран спортскиот терен „Партизан“ во Градски Парк

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, синоќа во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во Градскиот Парк го отвори реконструираниот спортски терен „Партизан“.

Богдановиќ ги поздрави присутните гости, поранешни и сегашни спортисти, спортски работници, но и јавни функционери и добронамерни посетители, кои од вчера имаат можност да го користат овој јавен спортски терен за спортување и рекреација.

„Старата и дотраена подлога е заменета со нова во површина од 891 м2. Поставени се нови голови, нови кошеви, а
фудбалското игралиште ќе може да се користи и како игралиште за ракомет.

На теренот е поставена нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, а игралиштата навечер ќе бидат осветлени со помош на новото ЛЕД освелтување.

Овој зафат на спортскиот центар „Партизан“ е прв по 20 години и теренот во иднина ќе биде јавно достапен за сите добронамерни вљубеници во спортот и спортските дисциплини“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории