ПМФЛ: Шкендија есенски првак

Од:

Шкендија на едно коло пред почетокот на зимската пауза ја обезбеди титулата есенски првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираше на гостувањето кај Академија Пандев.

Триумфот на Шкендија и го донесе најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ, 16-годишниот Дашмир Елези, со својот трет гол сезонава.

Во пресрет на последното есенско коло, кое е на програмата в среда, Шкендија има недостижни шест бодови предност пред Шкупи, на второто и Македонија ЃП, на третото место.

Актуелниот првак Вардар испушти предност од два гола за само бод на крајот во градското дерби против Македонија ЃП, додека Пелистер конечно ја прекина серијата од 11. натпревари без победа, со триумфот во Битола над Беласица.

ПМФЛ-17. Коло

Академија Пандев – Шкендија 0:1 (Елези 53)

Борец – Силекс 2:0 (Прелчец (п) 7, Ристовски 13)

Пелистер – Беласица 1:0 (Талевски 81)

Струга Трим – Работнички 2:1 (Османи 6, Абдул 81 – Ѓурѓевиќ (п) 21)

Вардар – Македонија ЃП 2:2 (Мирчевски 19, Цветановски 52 – Калид 57, Божиновски 67,

Ренова – Шкупи 0:0 (одиграно во сабота)

Табела: Шкендија 39, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга Трим 25, Борец 25, Силекс 22, Вардар 22, Работнички 21, Ренова 16, Пелистер 15, Академија Пандев 14, Беласица 9.

Би можело да ве интересира

Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи