Фудбалерите на Работнички, како домаќини, ја совладаа Академија Пандев со 1:0 во воведниот натпревар од 22-то коло во Првата македонска лига.
Стрелец на единствениот гол на арената „Тоше Проески“ попладнево беше Виктор Велковски во 56. минута по нафрлувањето на Себастијан Ерера.
За дебармаалци ова е трета победа во четвриот настап од пролетниот дел на сезоната во кој имаат и реми. Покрај денешниот триумф, претходно триумфираа и на Струга Трим Лум со 1:0, односно Шкупи со 2:1 и ремизираа со Вардар 0:0 и со 25 бода се наоѓаат на осмата позиција на табелата.
Останатите мечеви од 22 рунда се играат утре. Ренова ќе биде домаќин на Вардар, Шкендија ќе патува во Велес на средба со Борец, Силекс ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, а Струга Трим Лум пред своја публика ќе игра против Шкупи.