Претседателот на Европската фудбалска унија, Мишел Платини, смета дека Шпанија и Германија се главните фаворити за освојување на европската титула.
„Секогаш правам разлика меѓу репрезентациите кои можат да стигнат до самиот крај и оние репрезетнации кои се тешки за победување. Германија и Шпанија припаѓаат во првата категорија, а останатите селекции во втората.
– Германија има млад тим кој е гладен за победи, додека Шпанија е преполна со искуство и сака да ја одбрани титулата“, изјави Платини.
Тој им упати комплименти и на Холанѓаните, дополнувајќи дека во четвртфиналето посакува да ги види домаќините Полска и Украина.