Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли, зборуваше за шансите за враќање во Ред Бул и се согласи дека следниот потег ќе биде клучен во неговата кариера.
– Верувам дека трансферот ќе биде клучен. Да видиме како ќе ги гледаат следните две сезони во Ред Бул. Осум години сум во системот, ова е долго време. Сега имаат многу брз автомобил. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Макс Верстапен, како ќе се договорат, но, се разбира, треба да размислам и за мојата кариера.
Јас сум уште многу млад. Имам 25 години и целта ми е да бидам првиот кандидат за овие момци кога е потребна замена. Во моментов сум на деветтото место во првенството. Сите осум возачи кои ја завршија сезоната пред мене се за екипите кои ги освоија првите четири места во конструкторскиот шампионат. За мене е важно да покажам дека ќе бидам очигледен избор во случај на слободно работно место.
Секако, приоритет ми е Ред Бул, но засега тие одлучија да го задржат Серхио Перез. Не знам што планираат. Тие рекоа дека можеби во 2023 година може да има шанса. Ќе се обидам да дадам се од себе, но ова е дискусија што ќе ја водиме следната сезона со Ред Бул, изјави Гасли.