Пипан: Сакаме да ја прекинеме серијата од два пораза

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево од 17 часот во рамките на 5 коло од регионалната АБА лига го пречекува тимот на Игокеа кој е во серија од три победи. Тренерот на аеродромци Алеш Пипан посакува добра игра во сите 40 минути и прекинување на серијата порази.

– На гости ни доаѓа квалитетен тим предводен од одличен тренер. Игокеа одигра особено добро во последните три натпревари во кои извојува три победи. Нас секако нема да ни биде лесно, поради тоа што имаме проблеми со повреди кај неколку кошаркари, кои што не тренираат редовно, повредите ги влечеме уште од пред заминувањето за Србија. Против Игокеа сакаме да ја прекинеме серијата од два порази, за да го направиме тоа ќе мора да одиграме добро во текот на сите 40 минути, истакна Пипан.

Според неофицијалните информации поради повреда на денешниот дуел нема да настапи репрезентативецот Марко Симоновски кој би можел да отсуствува од терените околу еден месец.

Кошаркарите на МЗТ Скопје во досегашните 4 коло во АБА имаат скор од една победа и три порази.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос