Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике не е оптимист во врска со шансите на Каталонците да ја освојат титулата. Вчера екипата на Кике Сетиен одигра 0:0 на гостувањето кај Севиља. Барса има предност од 3 бода пред Реал Мадрид, но доколку „белите“ победат на гостувањето кај Реал Сосиедад утре тие ќе излезат на врвот, бидејќи имаат подобри резултати на натпреварите меѓу двете екипи.
„Гледајќи ги досега мечевите, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата. Ждрепката нè става во позиција каде што работите повеќе не зависат од нас, а гледајќи ги претстојните натпревари, тешко ми е да се замисли како Реал Мадрид ќе изгуби бодови“, рече Пике по мечот.
Тренерот Кике Сетиен не се согласи со мислењето на неговиот играч.
„Мислам дека зборовите на Пике доаѓаат од иритација. Сигурен сум дека тој ќе размислува поинаку утре и сигурен сум дека Реал Мадрид нема да ги победи сите нивни натпревари. Не зависи се од нас, но мора да бидеме оптимисти“,додава тој.