Францускиот производител Пежо на Саемот во Пекинг 2014 година ќе го претстави концептот 6008 кросовер.
Засега има малку познати детали, а магазинот Авто Експрес наведува дека моделот е базиран на концептот Цитроен Вајлд Рубис.
Моделот 6008 е замислен како ривал на Ауди Ку5 и БМВ Х3. Дизајнерски ќе наликува на моделите 2008 и 308.
Серискиот модел на концептот Пежо 6008 треба да се појави најпрво во Кина, а потоа и во Европа до 2016 година.