Со натпреварот во Москва во кој ЦСКА го пречекува германскиот првак Бамберг, ќе започне 5.коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската евролига.
Покра овој меч денеска на програмата се уште два. Во Истанбул, Фенербахче ја пречекува цедевита, а во Мадрид актуелниот шампион Реал е домаќин на Олимпијакос.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре, а двојките се: Химки – Жалгирис, Црвена Звезда – Локомотив Кубан, Уникаха – Анадолу Ефес, Панатинаикос – Дарушафака и Барселона – Лаборал.
Е група – табела: Фенербахче 4-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 3-1, Уникаха 2-2, Анадолу Ефес 2-2, Ц.Звезда 2-2, Цедевита 2-2, Панатинаикос 1-3 и Дарушфака 0-4
Ф група – табела: Химки 3-1, ЦСКА Москва 2-2, Олимпијакос 2-2, Реал Мадрид 2-2, Барселона 2-2, Лаборал 2-2, Бамберг 2-2, и Жалгирис 1-3.