Петар Ангелов и Наумче Мојсовски нема да патуваат за Атина

Од:

Без Петар Ангелов и Наумче Мојсовски машката ракометна репрезентација на Македонија ќе патува за Атина на натпревар против Грција.

Првиот бараж натпревар за Светското првенство кое ќе се одржи во Катар на почетокот на следната 2015 година, македонската ракометна репрезентација ќе настапи без голманот на Вардар, Петар Ангелов, кој се пожали на болки во грбот.
– Разговарав со Ангелов и тој има силни болки во грбот. Нема да може да ги издржи напорите што ќе ги бара репрезентацијата, и затоа го ослободив. Повикан е Стефан Кимевски од Металург јуниор кој ќе биде трет голман на подготовките, заедно со Борко Ристовски и Никола Митревски, изјави Ивица Обрван селекторот на Македонија.

Наумче Мојсовски е во завршна фаза од рехабилитацијата по повредата на коленото, па селекторот не сака да ризикува.

Од иста причина како и Мојсовски, под знак на прашање е и настапот на пивотменот на црвено-црните Стојанче Стоилов.

Репрезентацијата својот прв собир ќе го има утре во Охрид на кој ќе отсуствуваат, Борко Ристовски кој треба да потпише договор со нов клуб, по заминувањето од Ал Ахли, како и капитенот Кирил Лазаров кој со Барселона е на завршниот Фајнл-фор турнир во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa