Пет дефанзивци во фокусот на Мурињо во зимскиот трансфер период

Од:

Проблемите во одбраната на Манчестер Јунајтед продолжуваат. Барем така тврдат медиумите на Островот, откако менаџерот на тимот Жозе Мурињо објавил пред раководството дека има петмина фаворити за местото централен дефанзивец.

Уште во текот на летото Португалецот настојуваше за нов дефанзивец, но неговите желби не беа „слушнати“ од шефовите на „Олд Трафорд“. Во оваа сезона „црвените ѓаволи“ допуштија цели 21 голови по 12 одиграни натпревари.

„Сан“ тврди дека Мурињо посакал во зима во тимот да дојде барем еден од следните петмина дефанзивци: Калиду Кулибали (Наполи), Тоби Алдерверелд (Тотенхем), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Милан Шкриниар (Интер) или Гери Кејхил (Челзи).

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он