Голем успех на националниот параглајдинг тим на Перник Опен 2018 – Европски куп во прецизно слетување.
Тие екипно освоија прво место, второто место во индивидуална конкуренција му припадна на Мартин Јованоски од Прилеп.
Во женска конкуренција Александра Увцеска освои трето место.
2018 е година на доминација на Националниот параглајдинг тим над соседите од Србија, Грција И Бугарија, а и во Словенија екипно се пласиравме во првите пет на ниво на Европа, велат преку соопштение од Националниот Параглајдинг тим.