Екипите кои ја имаа улогата на домаќини на трите одиграни натпревари во кошаркарската Евролига, имаа перфектен настап, не дозволувајќи на ниту една гостинска екипа да слави победи.
Максималниот учинок на домашните тимови го потврди Макаби кој во последниот меч од синоќешната програма од 20.коло, во Тел Авив ја победи екипата на Уникс Казан со 60-52.
Претходно тоа го стори и Црвена звезда која до седмата последнователна победа во Евролигата стигна со триумфот над Панатинаикос со 72-66. Турското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши со триумф на Фенербахче со 85-80.
Денеска ќе се играат останатите пет средби со кои ќе биде комплетирана оваа рунда, а двојките се:
ЦСКА Москва – Анадолу Ефес,
Дарушафака – Жалгирис,
Барселона – Басконија,
Олимпијакос – Бамберг и
Реал Мадрид – Армани Милано.
На табелата, со биланс од 14 победи и 5 порази, на првите две позиции се Реал Мадрид и ЦСКА Москва, по кои следуваат Олимпијакос со 13-6, Фебербахче со 13-7 и Црвена звезда која сега има ефект од 12 победи и 8 порази.