Репрезентацијата на Италија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство во фудбал, откако ја совлада Англија по изведувањето на пенали во четвртфиналето со 4:2.
Натпреварот заврши без голови по 120 минути, иако Италија имаше неколку идеални шанси за водство преку Де Роси, Ночерино и Диманти, сепак гледавме пенали.
Пенал рулетот го отвори Балотели со погодок, веднаш по него погоди и Жерард за Англија. Втората серија ја отвори Монтоливо и го промаши целиот гол, Руни погоди за водство на Англија по две серии.
Во третата серија Пирло мајсторски ја поткопа топката, а Ешли Јанг ја погоди пречката и така Италија се врати резултатски, за во четвртата серија Ночерино да ја доведе и во водство кое Ешли Кол не го анулираше, Буфон му го одбрани ударот. Во последната серија Диаманти погоди за огромна радост на „Аѕурите“ и славје на Олимпискиот стадион во Киев.
Италија во полуфиналето ќе игра против Германија, додека Шпанија и Португалија играат во втората полуфинална пресметка.
Следуваат два дена пауза, па потоа се играат полуфиналните дуели.