Пеле повторно хоспитализиран

Од:

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, повторно е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Трикратниот светски првак е хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево, соопшти денеска болницата, додавајќи оти Пеле е во стабилна состојба и треба да биде пуштен дома во следните неколку денови.

Пеле кон средината на септември беше опериран од тумор на дебелото црево, а потоа беше подложен на хемотерапија.

Бразилската фудбалска легенда минатиот месец преку Твитер порача дека се чувствува добро.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бразил се прости од Пеле: Ќе има вечен поглед на стадионот на Сантос

(ВИДЕО) Телото на Пеле на стадион, илјадници навивачи се збогуваат со легендата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ковчегот на Пеле пречекан со огномет, Бразил се подготвува за погребот на легендата

Катерина Ѓуровски

Сантос ќе ја повлече „десетката“ на Пеле

Колкаво наследство ќе остави Пеле?

Светските медиуми за Пеле: „Топката плаче, Пеле е мртов“, „Беше фудбал во четири букви“

Катерина Ѓуровски