Пеле е во стабилна состојба откако беше на интензивна нега

Од:

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба, откако поради респираторни проблеми вчера беше вратен на одделот за интензивна нега, соопшти денеска болницата во Сао Паоло, каде претходно му беше извршена операција за отстранување тумор од дебелото црево.

Пеле беше опериран претходно овој месец и до вторникот беше на одделот за интензивна нега. Меѓутоа, загриженоста околу здравјето на трикратниот светски првак и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се зголеми откако бразилските медиуми вчера објавија дека Пеле е вратен на одделот за интензивна нега,

Болницата „Алберт Ајнштајн“ поради тоа објави соопштение во кое се наведува дека станувало збор само за „кратка респираторна нестабилност“ и оти префрлувањето на одделот за интензивна нега било само „превентивна мерка“.

Пеле е вратен на одделот за полу-интензивна нега и неговата кардиоваскуларна сотојба е стабилна.

Смирувачки пораки преку социјалните мрежи испрати и ќерката на Пеле, Кели Насименто, објавувајќи на Инстаграм дека нејзиниот татко „заздравува добро“.

– Нормален тек на рехабилитација за некој на негови години е два чекора напред, еден назад, напиша Кели Насименто.

Пеле веќе со години има проблеми со колкот и не може да се движи без помош поради што уште пред пандемијата ги редуцираше своите настапи во јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бразил се прости од Пеле: Ќе има вечен поглед на стадионот на Сантос

(ВИДЕО) Телото на Пеле на стадион, илјадници навивачи се збогуваат со легендата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ковчегот на Пеле пречекан со огномет, Бразил се подготвува за погребот на легендата

Катерина Ѓуровски

Сантос ќе ја повлече „десетката“ на Пеле

Колкаво наследство ќе остави Пеле?

Светските медиуми за Пеле: „Топката плаче, Пеле е мртов“, „Беше фудбал во четири букви“

Катерина Ѓуровски